
Време е за „Оп-оп“ игри во името на филантропијата! Разбудете го детето во себе, раздвижете го духот и бидете дел од најголемата филантропска кампања во земјава, „Денови за донирање“. Дојдете во East gate mall и преку игри како скокање на јаже, плочка и скокање во вреќа, донирајте во првиот донаторски фонд кој поддржува непрофитни проекти и граѓански иницијативи за позитивни општествени промени и подобар живот на заедниците. Донираните средства ќе бидат насочени за поддршка на: пожарникарите доброволци, сограѓан(к)ите болни од рак, децата со попреченост и младите од срце.