Конект е здружение на граѓани од Република Северна Македонија формирано во јуни 2008 од страна на неколку ентузијасти кои веруваат дека Македонија има потенцијал да се развива потпирајќи се на локални ресурси и капацитети.
Мисијата на Конект е поттикнување и промовирање на приватното донирање и општествената одговорност насочено кон ефективен и долгорочен развој на Северна Македонија.
Конект се стреми да биде клучната алка за поврзување на донаторите со граѓанскиот сектор за создавање на позитивно влијание во општеството. Конект им овозможува на конституентите да ги реализираат своите визии за промените кои сакаат да ги видат во своите заедници.
Веруваме дека кога ООП се интегрира во бизнис стратегијата, му овозможува на претпријатието зголемена продуктивност, иновативност и долгорочен одржлив развој. Затоа Конект формираше „Клуб на одговорни бизниси“ кој има за цел да ги обедини компаниите коишто се општествено одговорни и да им понуди програми и активности коишто ќе им помогнат во реализација на општествено одговорните практики.