Мамфорс

MAMFORCE стандардот во Северна Македонија го спроведуваме ние од Конект.

Им помагаме на компаниите да привлечат и задржат квалитетен кадар! Ги учиме како да ја вреднуваат индивидуалноста и да ги поттикнат своите вработени да бидат подобри работници, а воедно и подобри личности.

Ова е нова иновативна алатка за секоја заинтересирана компанија, која сака да ги надгради практиките во човековите ресурси во доменот на семејната одговорност. Така, компаниите имаат можност да се приклучат кон светските текови, да ја подобрат работната атмосфера, своите вработени да ги направат позадоволни и посреќни личности, а со тоа и попродуктивни.

Со MAMFORCE стандардот работиме на подигнување на свеста за важноста од балансот меѓу работата и приватниот живот, особено за вработените жени, да можат без пречки да напредуваат во кариерата, а истовремено да бидат одговорни родители.

Менторираме компании кои ќе можат во пракса да имплементираат и обезбедат родова еднаквост и да им помогнат на своите вработени во подобра реализација на обврските поврзани со работата и со семејството, и сето тоа во насока на:

  • Флексибилни работни ангажмани – флексибилно работно време, скратено работно време, флексибилно работно време во различни фази на развојот на детето или за грижа за лицата од трето доба во семејството итн.
  • Програми за менторирање што ќе овозможат балансирана родова застапеност и еднаквост. Ќе бидат насочени кон помалку застапените мажи или жени во организацијата и ќе им помогнат да напредуваат во кариерата. 
  • Специјализирани услуги  кои ќе го олеснат товарот на вработените за грижа за семејството- основање на градинки во дел од просториите во компаниите за децата на вработените, грижа за психофизичкото здравје на вработените, финансиска помош за едукација  на децата.

Нашите закони за работни односи и другите политики можат да понудат нови, флексибилни иновативни решенија, кој што ќе им помогнат на компаниите да креираат работни средини каде вработените ќе бидат задоволни и мотивирани да напредуваат во својата кариера“, Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Македонските компании покажуваат голем интерес за примена на овој стандард, а во 2019 година во рамки на наградите за бизниси и поединци од нашето здружение, компанијата А1 го доби признанието за постигнати „Цели за одржлив развој 2019“ за проектот „MAMFORCE“.